Завршува Олимпијадата во Пекинг

Руска натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева.

Во Пекинг денеска се одржува церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри, со што завршуваат 17-дневните спортски активности.

На церемонијата присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг. Многу западни земји организираа дипломатски бојкот на Игрите поради прашањата за човековите права во Кина.

Пандемијата со ковид -19, исто така, сериозно го ограничи бројот на луѓе кои може да присуствуваат на церемонијата.

Олимпијадата во Пекинг е втора по ред олимпијада одржана за време на пандемијата со ковид-19, но овие Игри почнаа навреме. Претходно летните олимписки игри во Токио беа одложени за една година.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет и градоначалникот на Пекинг им го врачија олимпиското знаме на градоначалниците на Милано и Кортина д’Ампецо во Италија, кои ќе бидат домаќини на Зимските игри во 2026 година.

На Олимписките игри во Пекинг доминираше допинг скандалот со 15-годишната руска натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева. Таа паднала на допинг тестот во декември, но резултатот беше откриен дури на 8 февруари, еден ден откако таа му помогна на Рускиот олимписки комитет да освои злато во екипна конкуренција. Валиева стана првата жена која изведе четирискок на Олимпијадата на 7 февруари. И покрај резултатите од допинг тестот на Валиева и беше дозволено да учествува во сингл натпреварувањата и заврши на четвртото место.

Следната олимпијата е летната која ќе се одржи во Париз во 2024 година.