Отворена постапка за заштита од дискриминација на „Лев Тахор“

Босна и Херцеговина- Членовите на верксата група Лев Тахор претходно престојуваа во куќа во источно Сараево, 28 јануари, 2022 година

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги.

Од Комисијата посочуваат дека постапката е поведена во согласност со членот 21 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, а со оглед на тоа што се работи за повеќекратни основи, овој случај се води според член 13, како потежок облик на дискриминација. Од комисијата неведуваат дека веќе е направен увид и остварена средба со претставник на групата „Лев Тахор“ и утврдени се неколку прекршувања на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на службени и правни лица од нашата држава.

„КСЗД ќе испрати барање за изјаснување до потенцијалните дискриминатори и со тоа, товарот за докажување ќе го префрли кон овие лица. Во случај потенцијалните дискриминатори да не го докажат спротивното, КСЗД ќе утврди дискриминација и доколку не биде постапено по препораките ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд“, посочуваат во соопштение.

КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

Инаку членовите на групата месецов пристигнаа во Македнија. Тие извесно време престојува во Босна и Херцеговина, а во земјава прво пристигнаа во Куманово каде што локалното население се собираше пред куќата во која беа сместени под наем, довикуваа и фрлаа предмети. Потоа беа преместени во хотел во Скопје.