Бил Гејтс: подобрена ситуацијата со полио во Пакистан

Исламбад- фотографија објавена од Канцеларијата на пакистанскиот премиер Имран Кан и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс во домот на премиерот,17.02.2022

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс вчера за време на посетата на Пакистан рече дека искоренувањето на полио може да случи во наредните години. Гејтс им рече на новинарите дека чекорите преземени оваа година во Пакистан, една од последните две земји во светот каде што вирусот е ендемичен, најверојатно се поттик да се искорени болеста. Зборувајќи во главниот пакистански град Исламабад, тој рече дека напорите да се елиминира полио „не се завршени “, но дека сигурно ова е најдобрата ситуација во која некогаш била земјата.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е дел од Глобалната иницијатива за искоренување на детската парализа, голем проект меѓу владите и меѓународните организации. Пакистан и Авганистан се двете земји во светот каде детската парализа продолжува да циркулира.

Гејтс рече дека е импресиониран од напорите на Пакистан, но нагласи и дека детската парализа во земјата помалку се ширела од очекуваното поради помалото движење на луѓето за време на пандемијата со ковид-19.

Во Авганистан, сега е засилена вакцинацијата против детска парализа во споредба со последните години, но крајниот исход останува неизвесен особено земајќи предвид дека во таа земја талибанците ја презедоа контролата во август минатата година.