Средба Путин-Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукешнко на прес-конференција по разговорите со неговиот руски колега во Кремљ во Москва, Русија, 9 септември 2021 година

Авторитарниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат, како што изјави Лукашенко, за „натамошни активности“ во врска со заедничките воени сили додека двете земји одржуваат воени вежби. Зборувајќи за време на вчерашната посета на военото полигон Асиповицки тој не кажа дали руските војници ќе почнат да ја напуштаат неговата земја по маневрите, но нагласи дека „нема потреба да се создаваат руски воени бази во Белорусија“. „Работите ќе се решаваат на средбата со Путин“, изјави тој. Во меѓувреме во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека вежбите ќе завршат според планираното на 20 февруари, но тој не коментираше дали руските сили веднаш ќе заминат.

Руските војници ќе се повлечат од Белорусија по заедничката вежба

Експлозивна ситуација: руското воено трупање кај Украина е „без преседан“

Бидејќи Белорусија се граничи и со источното крило на НАТО и со Украина, вежбите, во кои учествуваат околу 30.000 руски војници, предизвикаа загриженост на Запад поради вистинските намери на Кремљ, со оглед на тоа што, според проценките на американските разузнавачки служби, има собрано околу 130.000 војници и воена опрема во областите. во близина на границата со Украина. Белорускиот министер за надворешни работи Улаџимер Макеј претходно изјави дека руските трупи целосно ќе се повлечат од Белорусија по завршувањето на вежбите. Но, Лукашенко рече дека ќе разговара со Путин за да одлучи „кога, под кои услови и по кој распоред“ руските војници ќе заминат. Тој исто така рече дека Белорусија размислува да купи неколку руски ракетни системи земја-воздух С-400 за да ги постави во близина на главниот град Минск.