СЗО: Намалување на новите случаи на заразени со ковид на светско ниво

Бројот на нови случаи на коронавирус на глобално ниво падна за 19% во последната недела, додека бројот на смртни случаи остана стабилен, покажува извештајот на Светската здравствена организација.

Здравствената агенција на ООН доцна во вторникот во својот неделен извештај за пандемијата соопшти дека минатата недела во светот биле пријавени нешто повеќе од 16 милиони нови инфекции со ковид-19 и околу 75.000 смртни случаи.
Најголем број нови случаи на ковид 19 е забележан во Русија. Случаите таму и на друго место во Источна Европа се удвоија во последниве недели, поттикнати од напливот на многу заразната варијанта омикрон.

Австрија од следниот месец ќе ги олесни ковид-ограничувањата

СЗО соопшти дека сите други варијанти на коронавирус, вклучително алфа, бета и делта, продолжуваат да опаѓаат на глобално ниво бидејќи омикрон ги истиснува. Меѓу повеќе од 400.000 секвенци на вируси СОВИД-19 поставени на најголемата светска база на податоци за вируси во минатата недела, повеќе од 98% беа омикрони.

Здравствените власти, забележуваат дека омикрон предизвикува поблага болест од претходните варијанти на ковид -19 и во земјите со високи стапки на вакцинација, стапките на хоспитализација и смртност не се значително зголемени, дури и со ширењето на омикронот.

Од друга страна тој оптимизам остро е во спротивност со предупредувањата на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој постојано вели дека пандемијата не е завршена и дека е прерано земјите да мислат дека крајот може да биде неизбежен.