Ковачевски-Руте: Дијалогот Софија- Скопје може да го забрза одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ

Дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, заклучиле денеска во телефонски разговор премиерот Димитар Ковачевски со неговиот холандски колега Марк Руте, соопшти владината прес служба. Во разговорот било истакнато дека од меѓународната конференција се очекува позитивно влијание врз Западен Балкан.

Македонските предлози на бугарските барања разгледани во Софија

Од владината прес-служба велат дека Ковачевски го информирал Руте дека во земјава продолжува спроведувањето на европските стандарди во реформските процеси како и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков. Тема на разговорот биле и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните.