Состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Бразил

бразилскиот претседател Жаир Болсонаро

Руските и бразилските министри за надворешни работи и одбрана ќе се сретнат денеска во Москва, најави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „За време на претстојните консултации, страните планираат да имаат детална размена на мислења за широк спектар на точки од глобалната и регионалната агенда и за интеракцијата меѓу двете земји во ОН и нејзиниот Совет за безбедност, чија непостојана членка Бразил е во 2022 година и ќе биде во 2023 година“, рече таа, додавајќи дека министрите ќе разгледаат некои посебни аспекти на руско-бразилското стратешко партнерство, вклучително и зајакнувањето на билатералната воено-техничка соработка.

Самит на неврзаните со руско набљудување

Министрите се дел од делегацијата предводен од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро која до 17 февруари престојува во официјална посета на Русија. Болонсаро изјави дека посетата е од заеднички интерес и ја истакна својата намера „да ги продлабочи односите со Русија“.