Бајден: сѐ уште е можен руски напад врз Украина

Американскиот претседател Џо Бајден, Вашингтон, 15.02. 2022.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон сè уште не гледа докази за повлекување на руските трупи од областите во близина на границата со Украина и предупреди дека инвазијата од Москва останува можна. Во 10 минутното обраќање до нацијата Бајден изрази надеж дека дипломатијата ќе функционира, но рече дека Соединетите држави ќе бидат подготвени силно да ја погодат Русија со санкции доколку таа ја нападне Украина. Тој, исто така, се чини дека ги подготвува Американците за последиците, велејќи дека тие би можеле да се соочат со повисоки цени на енергијата доколку кризата ескалира, предизвикувајќи санкции, но рече дека вреди таа цена за да се брани демократијата.

Бајден и Џонсон: Сѐ уште има шанса за дипломатско решение на украинската криза

„Да бидам јасен, ако Русија одлучи да изврши инвазија, тоа ќе има последици и овде дома. Американскиот народ разбира дека одбраната на демократијата и слободата никогаш не е без цена“, рече тој. Русија е меѓу трите најголеми производители на нафта во светот и санкциите може да го нарушат извозот.
Говорот на претседателот доаѓа еден ден пред датумот кога неговата администрација, наводно, најави дека Русија потенцијално би можела да изврши напад врз Украина.

Западот и Украина чекаат целосно повлекување на руските трупи

Претходно во текот на денот, руското Министерство за одбрана соопшти дека почнало да повлекува дел од војниците лоцирани во близина на границата со Украина, зголемувајќи ги надежите за деескалација на тензиите. „Тоа би било добро, но ние сè уште не го потврдивме тоа“, рече Бајден, додавајќи дека руските војници -- кои тој ги процени на над 150.000 -- остануваат „во многу заканувачка позиција“.

САД ги преместуваат активностите на амбасадата од Киев во Лавов

Претседателот на САД директно му се обрати и на рускиот народ. „До граѓаните на Русија: вие не сте наш непријател и не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна против Украина“, рече Бајден. Русија го користи зголемувањето на војниците како принуда за да ги натера САД и НАТО да се согласат на сеопфатните безбедносни барања, вклучително и забрана за членство на Украина во западната алијанса и враќање на напредокот на НАТО во Централна и Источна Европа од распадот на Советскиот Сојуз. Бајден рече дека САД ги отфрлаат тие барања, но ставија неколку „конкретни идеи“ на маса, вклучително и мерки за контрола на оружјето и транспарентност, за да се унапредат „заедничките безбедносни“ потреби на Западот и Русија. „Ќе продолжиме со нашите дипломатски напори во тесна консултација со нашите сојузници и нашите партнери. Сè додека постои надеж за дипломатска резолуција што ќе спречи употреба на сила и ќе избегне неверојатно човечко страдање што би следело, ние ќе го продолжиме тоа“, рече тој.