Од 4.047 тестови направени во последните 24 часа, лабораториски се потврдени 1.269 нови случаи на ковид -19. Во истиот период се регистрирани 14 починати лица на возраст од 53 до 88 години.
Од вкупниот број позитивни (1.269), има 162 реинфекции, а системот регистрира и 848 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство .
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени уште 11 починати лица од кои 7 се починати во домашни, а 4 лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.
Најмногу активни случаи има во Скопје 5924, Куманово 407, Битола 470 и Тетово 392 случаи.