Бајден и Џонсон: Сѐ уште има шанса за дипломатско решение на украинската криза

Џо Бајден и Борис Џонсон

Лидерите на САД и Британија, , оценија дека не е изгубена сета надеж за дипломатско решение на украинската криза, но предупредија дека ситуацијата сѐ уште е многу чувствителна. Во 40-минутниот разговор тие се согласија дека договор е сè уште можен и покрај предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си. Русија ги негира обвинувањата дека планира напад врз Украина, иако има распоредено повеќе од 100.000 војници на границата.

Москва сигнализира да продолжат разговорите за украинската криза

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека дипломатијата е „далеку од исцрпена“. Бајден и Џонсон
нагласија дека натамошната инвазија на Украина ќе резултира со долготрајна криза за Русија и ќе предизвика голема штета и на Русија и на светот. Британскиот премиер и американскиот претседател меѓусебно се информирале за разговорите што ги имале со другите светски лидери, се наведува во соопштението од кабинетот на Џонсон.