Нови 465 позитивни на коронавирус, 21 починат

Илустративна фотографија - тестови за КОВИД-!(.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 465 нови случаи на коронавирус, а 20 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, пријавени е уште едно починато лице во Регистарот од Мој Термин кое починало во домашни услови. Од вцкупниот број на починати лица, кај 20 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.707 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 341, Кавадарци 21, Струмица 19, Штип 15, Куманово 13... Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 92 реинфекции.

Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 9.699.

Вкупната официјална бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројката на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768.