Регистрирани тројца заразени со „стелт“ омикрон во земјава

Скриниг тестирање на анти тела на Ковид-19 на улица Макеоднија во Скопје.

Регистрирани се три случаи со стелт омикрон во државава, информираат од Министерството за здравство за МИА. Согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје во земјава со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт“ се заразени две лица од Скопје и едно од Струмица.

Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од кои 35 биле заразени со омикрон, а кај три имало стелт варијанта. Во државава се уште циркулира и делта варијантата, која била докажана кај три примероци земени од позитивни пациенти. Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2, посочуваат од Министерството за здравство.

Во земјава има 11.135 активни случаи на заразени со ковид.