Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања.
Две децении од воведувањето на еврото
По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.
Пленковиќ: Од 5 септември цените во Хрватска ќе бидат во куни и во евра
Затоа, европратениците ќе имаат прилика да ја прашаат г-ѓа Лагард за тоа како најдобро да се балансираат потребите за справување со инфлацијата, истовремено поддржувајќи го заживувањето на економијата. Извештајот за политиката на ЕЦБ во 2021 година ќе биде ставен на гласање утре, а резултатите ќе бидат објавени в среда.