Поголем дел од Скопје без струја, дефект во трафостаницата во Пинтија

Пожар кај трафостаницата во Пинтија во Скопје

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. На социјалните мрежи веќе се шират видеа од пожарот.

Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.

Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир…

Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.

Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека нема струја ни во Штип.