Нови 920 случаи на ковид-19, починати 11 лица

Ковид-тестови, илустрација

Во последните 24 часа се регистрирани 920 нови случаи на ковид-19 од направени 3.338 тестови, а 11 луѓе починале, информира Министерството за здравство.

Од новорегистрираните 920 случаи од Скопје се 502, Битола 54, Куманово 48, Велес 40, Тетово 35, Прилеп 31, Кавадарци 27, Штип 24, Кичево 20, Струмица и Гостивар по 18, Охрид 16, Неготин 14, Гевгелија 12, Кочани 11, Свети Николе и Крива Паланка по 8, Струга 7, Ресен 5, Демир Капија, Виница и Дебар по 4, Богданци и Кратово по 3, Делчево 2, и во Пробиштип и Радовиш по еден нов случај.

Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции.

Оздравени се 1.190 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 11 починато лица на возраст од 61 до 91 години.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 9 се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.