Македонските предлози на бугарските барања разгледани во Софија

Бујар Османи и Теодора Генчовска

Денеска во Софија се одржа четвртата рунда експертски разговори за таканаречените пакет политички прашања меѓу македонското и буграското министерство за надворешни работи. Македонското министерство соопшти дека на средбата биле разгледани последните македонски предлози испратени минатата година како одговор на предлозите на бугарската страна претставени на третиот круг експертски консултации кои се одржаа во септември 2021 година во Скопје. Во соопштението не се откриени повеќе детали.

Ковачевски: Историските прашања ќе ги решава стручната историска фела

„Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање на заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда. Во духот на напорите за создавање на нова позитивна динамика, заемно беше изразена неопходноста за интензивно продолжување на разговорите за таканаречениот пакет политички прашања“, се вели во соопштението.

Има ли економска логика во летот Софија-Скопје?

Денешната средба беше договорена меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска за време на одржувањето на заедничката меѓувладина седница на двете држави од 25 јануари 2022 година.
Следниот круг на експертски разговори ќе се одржат во Скопје.

Во Софија продолжуваат експертските разговори меѓу Македонија и Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот на средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и Швајцарција потсети и на темите кои не се економнски, а на кои сега повеќе инсистираат јавно новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

„Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, јакнењето на јазикот на омразата и посегнувањата врз бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања настрана ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“, изјави Радев.

Следниот состанок на заедничката историска комисија пак треба да се одржи на 24 и 25 февруари.