Вкупно 19 починати и 1.348 новозаразени од ковид

Илустративна фотографија

Нови 1.348 лабораториски потврдени позитивни случаи на вирусот ковид-19 се регистрирани денеска од направени 3.996 тестови. Во последните 24 часа има пријавено 19 починати лица, соопштија од Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица. Од нив 10 лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително уште 8 починати лица.

Починатите се на возраст од 55г до 91 години. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 1 до 9 февруари.

Од вкупниот број на починати лица, две лица се целосно вакцинирани, а кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Меѓу новите позитивни случаи регистрирани се 196 реинфекции. Исто така, во последното деноноќие има 1.247 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица е 284.875. Има 8.705 починати, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.