УНХЦР -Приведени двајца новинари во Кабул

Илустрација, Кабул Авганистан

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека двајца новинари кои работеле за агенцијата се приведени заедно со неколку авганистански работници. Засега нема официјална потврда ниту коментар од Талибанците за тоа зошто се приведени.

„Двајца новинари на задача во УНХЦР и авганистански државјани кои работат со нив се приведени во Кабул. Ние правиме се од себе за да ја решиме ситуацијата, во координација со другите“, објави агенцијата за бегалци на ОН на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Талибанците ослободија двајца новинари

Откако талибанците ја презедоа власта во земјата во август минатата година, по повлекувањето на меѓународните сили, работата на независните медиуми во земјата се отежна и како што јавуваат дел од новинските агенции стана и речиси невозможна по сите неформални забрани со кои се справуваат.

Напади врз бази во Пакистан, убиени четворица војници и 15 напаѓачи

Ниту една земја формално не ја призна владата, но дел од лидерите разговараа неделава во Женева за тоа како да се олесни хуманитарната криза во земјата разурната од војната.

Авганистанската економија е во застој поради санкциите и стопирањето на финансирањето за развој откако милитантите ја презедоа земјата.