Британскиот министер за одбрана на разговори во Москва

Британскиот министер за одбрана Бен Волас

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска е во посета на Москва за да разговара за намалување на тензиите во екот на масовните руски воени игри во близина на Украина, објави АП.

Патувањето на Бен Валас дојде еден ден откако британската министерка за надворешни работи Лиз Трус одржа разговори во Москва, барајќи од Русија да повлече повеќе од 100.000 војници собрани во близина на Украина и предупредувајќи дека нападот врз нејзиниот сосед „ќе има огромни последици и ќе донесе голема цена“.

Русија негира дека планира инвазија на Украина, но сака Западот да ги држи Украина и другите поранешни советски земји надвор од НАТО. Таа, исто така, бара НАТО да се воздржи од распоредување оружје и да ги повлече силите на алијансата од Источна Европа.

Овие барања беа цврсто отфрлени од Западот.