Собранието ги избра заменици министрите во Владата

Собрание на С. Македонија

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието избра 16 заменици министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски. За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки. Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин. За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Помалку пратеници и министри се ветува само од опозиција

Премиерот Димитар Ковачевски во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно. Опозицијата пак, обвини дека е непрофесионален начинот на кој се предложени заменик-министрите, дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и оти голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев. Оваа функција, според ВМРО-ДПМНЕ е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.