Нови 1409 случаи на ковид 19, починале 28 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на ковид 19 и тоа во: Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1 случај.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 206 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица. Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица во период од 31.01.2021 до 07.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица (28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.