Влада- 39 Авганистанци од Северна Македонија заминаа за Канада

Првата група од 149 Авганистанци пристигна на аеродромот во Скопје на 30 август 2021

Заврши привремениот престој во Северна Македонија за нова група од 39 граѓани на Авганистан, соопштија денеска од македонската влада. Од таму наведуваат дека претпладнето од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во здружената глобална акција за помош на авганистански цивили.

„Се работи за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјално членка“, наведуваат од владата.

Од таму информираат дека во рамките на спасувачката мисија во земјава во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од државава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.