Нови 1 554 заразени со ковид, пријавени 34 починати

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа nаправени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 825, а потоа следуваат Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица од 54 до 92 години. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, на возраст од 59г до 80г. Од пријавените лица седум лица се починати во болнички услови и пет лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 - 06.02.2022 година. Од министерството информираат дека од 34-те починати лица 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.

Во последните 24 часа регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.