ХРВ - Казахстан да вклучи меѓународни експерти во истрагата за смртоносните протести

Казахстански безбедносни сили партолираат по улица по протестите

Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги повика казахстанските власти да побараат меѓународни експерти кои ќе се приклучат на нивната домашна истрага за сериозни прекршувања на човековите права за време на немирите во оваа земја минатиот месец, кои резултираа и со смрти случаи.

Во соопштението на ХРВ објавено на 9 февруари се наведува дека е потребна независната истрага која ќе осигура дека добиените резултатите при истрагата се веродостојни. Соопштението на организацијата за човекови права уследи откако извршниот директор на ХРВ, Кенет Рот се сретна со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мухтар Тилеуберди.

„Казахстан најави истраги и комисии за испитување на јануарските настани, но владата има долга историја на такви напори кои не донесоа одговорност или правда“, рече Рот.

Според Рот настаните најдобро ќе се истражат и ќе бидат поуспешни ако на домашните експерти им се приклучат и меѓународни.

Во Казахстан на 2 јануари имаше мирен протест во строго контролираниот западен регион Мангистау поради зголемувањето на цената на горивото, но потоа се разгореа антивладини протести низ целата земја и заврши со смртоносни престрелки во најголемиот град во државата Алмати и на други места.

За време на протестите, казахстанските власти го исклучија интернетот и го ограничија работењето на мобилните телефони на пет дена.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев ги обвини активистите за права и независните новинари за „поттикнување“ на протестите, кои доведоа до апсење на неколку новинари.

Како што се проширија немирите, Токаев побара помош од Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Русија.

Токаев, исто така, тогаш јавно изјави дека им наредил на безбедносните сили „да пукаат за да убијат без предупредување“.

Казахстанските власти соопштија дека 227 лица, вклучително и 19 службеници за спроведување на законот, биле убиени низ целата земја.

Групите за човекови права велат дека точниот број на луѓе убиени за време на немирите може да биде многу поголем, обезбедувајќи докази дека меѓу оние кои се убиени имало и мирни демонстранти и лица кои немаат никаква врска со протестите.

Претставници на ОН, САД и ЕУ повикаа на независна истрага за насилството во јануари.