Денеска во Лион, Франција ќе се одржи заеднички состанок на министрите за надворешни работи и за здравство на Европската унија. Состанокот има за цел натамошен развој на европска здравствена политика. Ова, како што соопшти француското претседателство со ЕУ, ќе обезбеди можност да се разговара за организацијата на Европската унија за справување со пандемијата на коронавирусот, вклучително и купување и донирање вакцини, третмани, дијагностика, производствени капацитети и зајакнување на здравствениот систем.
ЕК предлага продолжување на КОВИД сертификатите за уште една година
Целта на овој состанок е да им овозможи на земјите-членки да ја продлабочат координацијата за овие прашања. Инаку, во контекст на пандемијата, во која Европската унија ја покажа важноста од заеднички одговор во областа на здравството, 27-те министри за здравство на земјите-членки утре ќе се соберат на неформален министерски состанок за да разговараат за начините за олеснување на универзалниот пристап. во здравството, врз основа на амбициозен проект за „Европска здравствена унија“.