Комисијата за надзор ја проверува работата на АНБ и АР

Седиштето на АНБ

Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе ја остварат првата надзорна посета на просториите на Агенцијата за разузнавање за оваа година.

Претседателот на комисијата, Љупчо Пренџов изјави дека се работи за редовна контрола, а вчера биле и во посета на АНБ.

Инаку, комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и АР на граѓаните и други правни лица, како и законитоста во спроведување на овластувањата на АНБ и АР од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон.

Ги разгледува и методите и средствата што ги користат АНБ и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост на АНБ и АР, воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и други прашања што се однесуваат на АНБ и на АР.