Блинкен: САД и ЕУ работат на заштита на европските енергетски резерви

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска рече дека САД и ЕУ работат на заштита на европските енергетски резерви од шокови кои произлегуваат од украинската криза.

„Ние се координираме со нашите сојузници и партнери, со засегнатите страни во енергетскиот сектор, вклучително и за тоа како најдобро да се споделат енергетските резерви во случај Русија да ја исклучи испораката или да иницира конфликт што го нарушува протокот на гас низ Украина“, рече Блинкен.

Во Европа растат стравувањата за испораките на гас во случај Русија да ја нападне Украина, а потоа да престане да испорачува гас како одмазда за европските и американските санкции. Залихите на Европа се веќе мали, а САД, кои ветија дека ќе им помогнат на европските земји да го зголемат извозот на течен природен гас, не можат ни оддалеку да ги задоволат потребите на Европа.

Цените на бензинот на светскиот пазар веќе драстично скокнаа, оптоварувајќи ги домаќинствата и бизнисите, побарувачката во Европа расте бидејќи речиси остана без залихи поради многу студената зима минатата година, а во текот на летото произведуваше значително помалку енергија од обновливи извори.

Русија лани извезе 175 милијарди кубни метри гас во Европа, од кои речиси четвртина преку Украина.