Столтенберг: НАТО размислува за долгорочно воено присуство во источна Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

НАТО размислува за подолгорочно воено присуство во источна Европа за да ја зајакне својата одбрана, бидејќи тензиите остануваат силни поради зголеменото военото присуство на Русија во близина на Украина, изјави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

„Размислуваме за повеќе долгорочни прилагодувања на нашите позиции, присуство, во источниот дел на алијансата. Не е донесена конечна одлука за тоа, но сега се одвива процес во рамките на НАТО“, изјави тој за новинарите во Брисел.

НАТО и сега има трупи кои ротираат во и надвор од источна Европа, но тоа не се смета за т.н. постојано присуство.

Песков: Не се очекува голем напредок од средбата Макрон-Путин

Изјавата доаѓа непосредно пред закажаната средба во Москва меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот Владимир Путин, како дел од новата рунда меѓународни дипломатски напори насочени кон намалување на тензиите поради военото засилување на Русија во близина на Украина.

Западот вели дека Русија испрати повеќе од 100.000 војници на границата, што фрла сомнеж дека ова може да биде увертира за инвазијата на Украина. Русија негира дека планира да изврши инвазија, но бара широк опсег на безбедносни гаранции, вклучително и дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО.

НАТО и сега има трупи кои ротираат во и надвор од источна Европа, но тоа не се смета за т.н. постојано присуство.