Утре продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма

Архивска фотографија - Преговори за иранската нуклеарна програма во Виена

Европската унија соопшти дека утре во Виена продолжуваат разговорите за заживување на договорот за иранската нуклеарна програма.

Претходно иранските власти изјавија дека целосното укинување на американските санкции се нивна „црвена линија“ за враќање на договорот на вистинскиот пат.

ЕУ, која претседава со разговорите, денеска соопшти дека разговорите продолжуваат на 8 февруари. Разговорите беа прекинати на 28 јануари за да им се овозможи на дипломатите да се вратат дома на консултации.

Техеран и светските сили во 2015 година постигна договор според кој Иран вети дека ќе ги намали своите нуклеарни активности во замена за намалување на меѓународните санкции.

Но САД во 2018 за време на тогашниот претседател Доналд Трамп се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции кон Иран, а Техеран почна постепено да не ги исполнува обврските од Договорот.