Најмалку 15 луѓе настрадаа при лавина во источната авганистанска провинција Кунар, соопштија тамошните официјални лица.
Според властите во Кунар, од под лавината се извлечени 15 тела, а од 15 до 20 лица се уште се водат за исчезнати.
Лавината погодила областа во близина на Пакистан, доцна на 6 февруари.
Меѓу жртвите има локални луѓе кои се обиделе да ги спасат затрупаните под обилниот снег.
Обилен снег паднал во неколку авганистански провинции, вклучувајќи ги Мајдан Вардак, Парван Панџир, Бадакшан и Баглан, а снегот блокирал и многу патишта.
Минатиот месец, локалните медиуми објавија дека најмалку пет жители на провинцијата Бадакшан загинале поради обилниот снег во областа Рагистан.