Грција го укина задолжителниот тест за влез во земјата

Ред пред центар за вакцинација протов ковид-19 во Атина (фотографија од датотека)

Од денеска Грција ја укинува мерката воведена на 19 декември за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинирани и за невакцинирани патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија. Министерот за здравство Танос Плеврис во петокот рече дека за оние што имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.