Рекорден број новозаразени со ковид во Русија

Возила на Брза помош пред болница на периферијата на Москва, 1.1. 2022

Во Русија во последните 24 часа е регистриран рекорден дневен број на инфекции со коронавирус 180.071, што е десет пати повеќе од пред еден месец, бидејќи многу заразната варијанта омикрон се шири низ земјата.

Бројката објавена од државната работна група за коронавирус денеска е за околу 2.800 случаи повеќе од регистрираните вчера. Порастот на дневни случаи почна од седината на јануари.

Иако бројот на новозаразени драстично се зголеми во последните недели, работната група соопшти дека бројката на смртни случаи е стабилен или маргинално се намалува: 661 смртни случаи се регистрирани во изминатите 24 часа, во споредба со 796 на шести јануари. Од почетокот на пандемијата во Русија се регистриани 12,8 милиони заразени и 335.414 смртни случаи.