Илјадници Украинци маршираа против заканата од руската инвазија

Харкив- илјадници Украинци изглегоа на протест против можната руска инвазија, 5.2.2022

Илјадници Украинци во големиот источен град Харков кој се наоѓа во близина на границата со Русија излегоа на улиците за да изразат национална солидарност и подготвеност да ја бранат својата татковина во случај на руска инвазија. Околу 5.000 луѓе учествуваа во протестот што се одржа вчера во индустрискиот град во кој живеат 1,4 милиони жители и во кој се наоѓаат фабрики за тенкови, авиони и трактори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го идентификуваше Харков како можна цел на руски напад. Учесниците носеа сто метри долго сино и жолто украинско знаме низ улиците додека извикуваа „Слава на Украина, слава на хероите“, споменувајќи ги војниците што загинаа бранејќи ја земјата од бунтовниците поддржани од Русија во две провинции во источна Украина .

Маршот беше организиран од локални политички и невладини организации. Локалниот градски совет се обиде да го блокира протестот поради загриженоста од ширењето на Омикрон и можни провокации. Сепак, локалниот суд го одби барањето на градскиот совет. Нема извештаи за приведувања или инциденти.