Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.

Црногорскиот парламент започна расправа за недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ. Предлогот го поднесе опозицијата и коалицијата „Црно-бело“.
Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала. Министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ е единствен претставник на Владата во собраниската сала.

Предлогот за гласање недоверба го образложи пратеникот на ГП УРА, Милош Конатар, кој рече дека не верувал дека ниту премиерот, ниту министрите, освен министерот за капитални инвестиции, нема да бидат во салата кога ќе се разговара за предлогот за недоверба на Владата.

„Нивниот однос е една од причините зошто разговараме за ова. Разговараме за одлука која е тешка. Тешките времиња и политичката криза бараа тешки одлуки од нас. Подготвени сме да преземеме одговорност за оваа одлука“, рече Конатар.

Претходно Парламентот одби да расправа за предлогот на премиерот да се скрати мандатот на Собранието. Најголем дел од пратениците беа воздржани на гласањето за ставање на таа точка на дневен ред. Кривокапиќ со идејата за скратување на мандатот, имаше намера откако тоа ќе се случи, да распише веднаш вонредни избори, но мнозинството од пратениците тоа го отфрли.
Во случај ако Собранието му изгласа недоверба на Кривокапиќ тоа ќе биде вовед во преговори за формирање нова Влада.