Во Пекинг разговори меѓу Путин и Џинпинг

претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг (фотографија од датотека)

Во Пекинг на денот на отворањето на Зимските олимписки игри е најавен и самит меѓу претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека, како и секогаш кога двајцата лидери комуницираат, разговорите ќе го опфатат целиот опсег на односи кои се одликуваат со интензивна билатерална агенда и уникатната архитектура на билатералните односи што Русија практично ја нема со кој било друг.

Русија и Кина сѐ поблиску и поради кризата со Украина

САД и Кина разговараа за Украина

„Овој механизам ја докажа својата висока ефикасност. Подготвени се одлуките кои се детално обмислени, извршни и навистина помагаат да се зголеми нашата интеракција. Така, минатата година беше остварен рекорден раст на трговскиот промет“, додаде рускиот министер за надворешни работи. Речиси три години по последната посета на Путин на Кина, денешната средба ќе биде 38-та меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател од 2013 година.