Нови 1 715 заразени со ковид и 24 починати лица

Во изминатите 24 часа се евидентирани нови 1.715 случаи со ковид-19 од направени 4.811 тестови. Од 1.715 новозаболени од Скопје се 882, потоа од Битола 87, а од Куманово 75. Регистрирани се и 24 починати лица и 2.057 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на нови позитивни случаи на ковид-19 регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица, додека во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица во период од 26.01.2021 – 01.02.2022г. Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.