Вељаноски ќе ја чека правосилноста на пресудата на слобода

Апелациониот суд го укина куќниот притвор и за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски за случајот „27 април“ во кој беше осуден на затвор од шест и пол години. Тој како гаранција дека нема да побегне ја понудил куќата во која живее чија вредност била проценета на 210 илјади евра.

„Гаранцијата претставува доволно обезбедување и ја елиминира опасноста од бегство на обвинетиот“, пишува во образложението на Апелациониот суд.

Осудени за загрозоување на уставниот поредок и безбедноста покрај поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, се и поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Обвинетите за организирање на 27 април добија вкупно 25 години затвор

Судот на 26 јули одлучи осудените Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски да бидат во куќен притвор до правосилноста на пресудата.

ВМРО-ДПМНЕ за пресудата за „27 април“-власта се изживува врз судбини

Судењето траеше година ипол и се одвиваше во услови на пандемија.

Организаторите на 27 април добија казни затвор од шест до шест ипол години

Пред четири години крвавите настани на 27 април се случија откако поддржувачите на „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот. При упадот во Собранието, дел од толпата физички се пресмета со некои пратеници на СДСМ и други партии и посериозно беа повредени Зијадин Села, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, а во метежот беа повредени и новинари и сниматели во Парламентот.