Швајцарците почнаа да ги релаксираат мерките за пандемијата

Во Швајцарија висок имунитет на населението поради вакцинацијата

Швајцарија започна со ублажување на ограничувањата за пандемијата на коронавирус, бидејќи исчезнаа стравувањата дека скокот на инфекции поттикнати од варијантата омикрон ќе го урне здравствениот систем.
Од денеска не важат правилата за карантин и наредбата за работа од дома, соопшти владата. Конечната одлука за тоа како да се продолжи со укинување на мерките треба да се донесе на 16 февруари.

Норвешка укина анти-ковид мерки, Русија урива рекорди со нови инфекции

„Владата забележа позитивен развој во болниците - и покрај рекордно високите бројки за инфекција, нема преоптоварување и зафатеноста на единиците за интензивна нега дополнително се намали“, се вели во соопштението на владата, наведувајќи дека „причината за тоа е веројатно високиот имунитет на населението поради вакцинацијата“.

Нови ковид протоколи за влез во Германија и Шпанија

Владата оценува дека омикрон варијанта на ковид-19, иако е високо пренослива, има помала веројатност да предизвика тешки случаи во споредба со претходните вирусни варијанти и оти може да започне ендемската фаза. Нешто повеќе од 41.000 нови случаи беа пријавени во Швајцарија во средата, со што вкупниот број случаи достигна 2,29 милиони од стартот на кризата на почетокот на 2020 година. Досега 12.403 луѓе починале од коронавирусот во земјата и соседното кнежевство Лихтенштајн.