Талибанците ослободија двајца новинари

Илустрација, архивска фотоградија, двајца новинари Неамат Наќди и Таки Даруаби ги покажуваат повредите од тортурата спроведена од Талибанците по неколкудневен притвор

Талибанците, наводно, ослободиле двајца локални новинари од приватната ТВ Ариана два дена откако биле приведени од непознати причини. Уредникот на ТВ Ариан Шариф Хасанјар, шефот на социјалната мрежа Твитер денеска напиша дека новинарите Варис Хасрат и Аслам Еџаб се ослободени.

Новинарите биле приведени од вооружени талибански стражари на влезната врата на нивната организација на 31 јануари. Талибанските власти не наведоа причина зошто биле приведени, ниту пак потврдија во јавноста дека воопшто било спроведен полициско приведување на новинарите.

Талибанците привеле сопственик на медиум во Кабул

Хасрат е водител и продуцент на политичката редакција на телевизијата додека Еџаб долги години работи како економски новинар во информативната програма.

Приведувањето на двајцата новинари дојде на само еден ден откако соговорник кој бил гостин во телевизиска деба на емисија емитувана во живо на ТВ Ариана го критикуваше талибанскиот режим. Дел од дебатата стана вирална и на широко беше споделувана на социјалните мрежи.

Талибанците откако ја презедоа власта во август минатата година апсат демонстранти, активисти за правата на жените и новинари. Дел од ослободените новинари известија дека им била одземена опремата и дека биле изложени на малтретирање и тортура.