Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за Договорот од Преспа

Уставните судии на денешната седница го отфрила барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година за Преспанскиот договор. Во нејзиното барање било наведено дека со Договорот од Преспа се повредени правото за забрана од дискриминација, правото на слобода на мисла и изразување.

Уставниот судија известител Осман Кадриу денеска на седницата изнесувајќи го барањето посочи клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање.

Преспанскиот договор на седница во Уставен суд

Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бара од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа и се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт.

Кацарска- Собранието како да го игнорира Уставниот суд

Судијата известител Осман Кадриу, изјави дека дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка.
Во образложението пред Уставниот суд, Каракамишева, како прв основ го наведува тоа дека во преамбулата на конечната спогодба од Преспа не се споменува името на државата, туку се кажува другата страна, со што со такво нормирање таа смета дека нејзините права се повредни и втор правен однос кој се повикува е дека со склучениот акт на спогодба континуирано и со трајно дејствие и се повредни нејзините права.