Тетовскиот градоначалник Касами е позитивен на Ковид-19

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами е позитивен на Ковид-19. Ова го соопшти преку својот официјален Фејсбук профил, каде порача сите да се грижат за своето здравје.

„Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против КОВИД со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје!“, напиша Касами.

Неколку пред часа претходно, исто на својот Фејсбук профил, тој извести дека денеска се сретнал со амбасадорката на Швајцарија Вероника Хулман. Вчера пак имаше заедничкинастан во Гостивар со градоначалниците Арбен Таравари и Максим Димитриевски.