Прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија

Меѓувладина конференција на Северна Македонија и Бугарија во Софија

Привлекување инвестиции, структурирање финансиски инструменти, поддршка на старт-апи и на компании од двете земји, соработка на полето на иновациите, заеднички проекти пред евопските фондови и програми, како и зголемување на трговската размена, се темите на денешниот прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации што се одржува во Скопје.

Работната група ја предводат министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер.

„Оваа втора средба на владините делагации на РС Македонија и Република Бугарија, организирана за краток временски период, ја покажува подготвеноста за продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји“, напиша министерот Бесими по почетокот на состанокот.

Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации почна новиот пристап во односите меѓу двете земји што го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.