Седница на Советот за безбедност

Совет за безбедност за Ковид-19 кај претседателот Стево Пендаровски (фотографија од датотека)

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за денеска во 11 часот закажа седница на Советот за безбедност на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. На седницата, како што е најавено од неговиот кабинет, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

Министерот Османи разговарал за Украина со рускиот амбасадор Баздникин

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.