Пронајдено лавчето кое се изгуби во Будва

Илустрација: Лавчиња

Младенчето од лав кое утринава се изгубило меѓу населбите Лапчиќи и Марковиќи во Будва е пронајдено, потврди полицијата.

Порталот РТВ Будва објави дека лавчето било во сопственост на турски државјанин.

Некои медиуми објавија дека младенчето кое странските државјани го чувале како домашно милениче во двор во куќа во населбата Марковиќи се изгубило пред неколку дена.

Лавчето имало неколку месеци.