Лавров и Блинкен утре ќе разговараат за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров i американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре телефонски ќе разговара со американскиот државен секретар Антони Блинкен, објави денеска новинската агенција ТАСС, која ја цитираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Вашингтон и Брисел минатата недела одговорија на барањата на Москва за правно обврзувачки безбедносни гаранции во услови на застој околу аспирациите на Украина да се приклучи на НАТО и други прашања, но Русија посочи дека не е задоволна.

САД тврдат дека акциите на Русија во близина на украинската граница претставуваат „јасна закана за меѓународниот мир и безбедност и Повелбата на ОН“. Американските дипломати повторија дека околу 100.000 руски војници распоредени во пограничните области се закана и ја обвинија Русија за „вклучување во други дестабилизирачки акти насочени кон Украина“. Русија соопшти дека не преставува закана за никого.

Соединетите држави во минатата недела испратија барање денеска да биде одржан состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина.