Британскиот специјален претставник за Западен Балкан во дводневна посета на Скопје

Специјалниот претставник на Британија за Западен Балкан сер Стјуарт Пич

Специјалниот претставник на Британија за Западен Балкан сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Северна Македонија. Како што соопшти Владината прес-служба, за време на неговата прва официјална посетата на земјава во својство на специјален претставник, Пич ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Поранешниот шеф на Генералштабот на британската армијата Стјуарт Пич исто така ќе биде ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Британскиот премиер именуваше специјален пратеник за Западен Балкан

За време на неговиот работен престој во Скопје специјалниот претставник Сер Стјуарт ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата. Како Специјален претставник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и другите претставници од регионот и сојузниците од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговата работа, исто така, ќе вклучи промовирање на силни демократски институции и отворени општества, преку поддршка во справувањето со сериозниот и организиран криминал и другите заеднички безбедносни предизвици. Од Северна Македонија, тој заминува во посета на Бугарија.