Прв состанок на работната група со Бугарија за економија, трговија и иновации

Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија, Софија, 25.01.2022

Министерството за финансии денеска и утре е домаќин на владина делегација од Бугарија предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации. Како што информираат од Министерството за финансии, на состанокот во Скопје, работната група ќе ги разгледа можностите за привлекувањето инвестиции, иновациските можности, финансирањето на проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како и приоритетите за развој на регионот, области во кои може да се развиваат заеднички проекти и слично.

Реакција на Пендаровски за загриженоста на бугарското МНР

Ковачевски-Каде има политичка волја, разликите полесно се надминуваат

Меѓувладината работна група беше формирана во Софија за време на одржувањето на седницата на двете влади на која ги утврди приоритетите на работа и динамиката на одржување на состаноците, согласно која ќе се состанува еднаш месечно. Нејзините активности ќе бидат насочени кон зајакнување и интензивирање на економската соработка во сферите на трговијата, инвестициите, иновациите, финансиите и заеднички настап во ЕУ програмите и фондовите, како и соработката со економските комори.