„Стоп за сообраќајното насилство“- мото на протестот во близина на Сити Мол

Мирен протест на раскрсницата кај Сити Мол во Скопје

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ стотина луѓе излегоа денеска на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје на мирен протест. До ова доаѓа по сообраќајната несреќа во која младата Викторија Николова загина, односно беше прегазена на истата раскрсница.

Луѓето гинат по улици, а абер нема од системот на камери за казнување

Собирот го организираше момчето Леонид Даов, кој бил со неа и при тоа бил лесно повреден во истата сообраќајна несреќа. На собирот присуствуваше семејството на загинатата девојка, а на местото на несреќата беа положени цвеќиња и запалени свеќи.

Ова е мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот.

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, беше наведено во поканата за настанатот на социјалната мрежа Фејсбук.

За една недела три лица загинаа на скопските улици, двајца додека минувале на пешачки премин.