Макрон- Преговорите со Иран мора да се забрзаат

Францускиот претседател Емануеал Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека нуклеарниот договор од 2015 година меѓу светските сили и Техеран може да биде обновен, но тековните преговори мора да се забрзаат и Иран да се врати на своите целосни обврски од договорот.

Преговори со Иран за нуклеарната програма во „последна фаза“

Во телефонскиот разговор со иранскиот претседател Ебрахим Раиси, Макрон „го повтори своето убедување дека дипломатското решение е можно и истакна дека секој договор ќе бара јасни и доволни обврски од сите страни“, се вели во соопштението од Кабинетот на Макрон.

Дипломати од Германија, Франција и Велика Британија заедно со Русија и Кина, се состануваа во австриската престолнина од минатата пролет, обидувајќи се да ги доближат Иран и Соединетите Американски Држави до договор за враќање на договорот што заглави кога Вашингтон се повлече во 2018 година и ги врати казнените санкции против Техеран.

Разговорите за враќање на договорот, според кој Иран се согласи да ја ограничи својата контроверзна нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, се очекува да продолжат следната недела.

Висок претставник на САД го напушти тимот во преговорите за иранскиот нуклеарен договор

Иран ги отфрли роковите наметнати од западните сили поради загриженоста дека времето за договор истекува.

„Неколку месеци по продолжувањето на преговорите во Виена, Макрон инсистираше на потребата да се забрза со цел брзо да се постигне опиплив напредок во оваа рамка“, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Во заедничкото соопштение на Германија, Франција и Велика Британија е наведено дека преговорите со Иран достигнаа до „последна фаза“.