Јужна Кореја и Јапонија го осудија лансирањето на ракета на Северна Кореја

Јужна Кореја и Јапонија ја обвинија Северна Кореја за зголемени меѓународни тензии откако Пјонгјанг тестираше утринава уште една ракета со долг дострел.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-Ин изјави дека Северна Кореја се приближила чекор поблиску до откажување од мораториумот за тестирање ракети со долг дострел, додека јапонската влада ги нарече дејствијата на Пјонгјанг „закана за нашата земја“.

Воени и владини претставници од Јужна Кореја и Јапонија рекоа дека Северна Кореја лансирала најмалку една сомнителна балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег утрово, што ќе биде седми тест во текот на јануари.

Северна Кореjа изведе шести тест на балистичка ракета за еден месец

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно изјави дека доколку проектилот бил стандардна балистичка ракета, тогаш се проценува дека погодил на височина од 2.000 километри и летал 30 минути на растојание од 800 километри.

Северна Кореја повторно лансира балистички проектили во морето

Аналитичарите изјавија за Ројтерс дека доколку тоа се потврди, проценките би можеле да укажат на еден од најголемите ракетни тестови на Северна Кореја во последните години.

Мацуно додаде дека „лансирањето балистички ракети ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН, поради што беше изразен строг протест.